За да изберете текстуални датотеки, кликнете на менито Фајл (File) на главната командна табла:
Кога ќе кликнете на Избери текстови (Choose Texts), ќе ви се прикаже нешто слично на следново:
На левата страна има прилично стандарден пребарувач на текстуални датотеки, а во десниот дел има прозорче за Избрани датотеки (Files selected). Кликнете на копчето со две сини стрелки (каде што се наоѓа курсорот на сликата подолу), или кликнете и повлечете текстуални датотеки од лево надесно. Ќе ви се прикаже нешто како следново:
Во моментов WordSmith (во лентата за статус веднаш над текстов) ни покажува дека се зачувани 7. Вие можете да видите колкави се документите, но WordSmith (сè уште) не може да каже колку зборови има во секоја текстуална датотека. Избравме 7 текста за конкорданции (Concord) (видете Конкорданции веднаш над избрани датотеки).
Притиснете го зеленото копче или само затворете го прозорчето.
Page url: http://www.lexically.net/wordsmith/step_by_step_Macedonian/?choosingtexts.htm