Кога ќе го притиснете копчето Конкорд (Concord) на главната командна табла, се отвора нова Алатка за конкорданции која ќе се прикаже на лентата со алатки на Windows.
Сега во самиот Конкорд (Concord) изберете Документ (File) | Нов (New).
Ако не е избран ниту еден текстуален документ, од вас се бара да изберете неколку документи. Кликнете на копчето Избери текстови сега (Choose Texts Now).
Откако ќе ги изберете текстовите, внесете соодветен Збор за пребарување (Search Word):
Тука зборот што го барам е зошто (wherefore). Потоа кликнуваме на OK.
Со конкордирањето се даваат сите примери на "зошто(wherefore)" кои пред себе или по себе имаат разделник на зборови како на пример интерпункциски знак, празно место итн.
Бидејќи веќе ја направивме конкорданцијата, WordSmith сега знае колку зборови има во секој текстуален документ: во rom06.txt има вкупно 1.506; rom8.txt е поголем (2.236 зборови).
Page url: http://www.lexically.net/wordsmith/step_by_step_Macedonian/?makingaconcordance.htm