За да направите список со зборови, првин кликнете на копчето Список со зборови (WordList) во главната Командна табла.
Кога ќе се отвори Списокот со зборови (WordList), изберете ги текстовите и ќе ви се прикаже нешто вакво.
Тука ќе направиме едноставен список со зборови според 8 текстуални документи од драмата Ромео и Јулија, па да притиснеме Направи список со зборови сега (Make a word list now).
Алатката Список со зборови ни ја покажува застапеноста на зборовите. Најзастапениот збор е "#". Симболот # го има 985 пати. Што се случува? # најчесто се користи за обележување било кој број, како што се 65, 40 или 997,82 долари. Во овој случај станува збор за број на реплика во изворниот текст.
По симболот #, најзастапени се определениот член (the), и (and), јас (I), да (to), на (of). До секој збор стои неговата застапеност во збирката од 8 текстови што ги употребивме, процентот на активни зборови, и во колку од осумте текстови се појавува секој збор. Се чини дека јас (I) е најзастапен збор, но и покрај тоа го нема во сите 8 текстови.
АКо сакате зборовите да ги прикажете по азбучен ред, кликнете на јазичето за азбучен ред на долниот дел од прозорчето.
Сега, прелистајте до зошто (wherefore). Резултатите ни го потврдуваат она што го откривме кога ја правевме конкорданцијата.
Page url: http://www.lexically.net/wordsmith/step_by_step_Macedonian/?makingawordlist.htm